„Подари пакетче, подари радост“: Црвен крст годинава ќе израдува 400 деца

Во пресрет на новогодишните празници, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода, традиционално како и секоја година под мотото: "Подари пакетче, подари радост" доделува новогодишни пакетчиња за децата при: СОС Детско село, деца кои боледуваат од канцер при одделот за хематологија при Клинички центар "Мајка Тереза", Здружение на деца со спинална мускулна атрофија, Здружение на граѓани за лица со дисфункции, хендикеп и ретки болести „Дајте ни крилја", ПОУ "Д-р. Златен Сремец", Асоцијација Ластовици, Здружение на лица со интелектуална попреченост "Во мојот свет. Целта е пакетчиња да добијат 400 деца.

„Да создаване убавини, за истите да ги живееме! Во очите на овие деца, ние сме суперхерои на денешницата, затоа да подаруваме, да се радуваме. Сите заедно да ја пренесеме пораката дека „Секој од нас, може да биде нечиј Дедо Мраз". Не е доцна да ни се приклучат сите заинтерсирани страни, и затоа во оваа прилика би сакала да упатам апел до сите хумани граѓани и компании, да ни се приклучат во иницијативата и да ги поддржат искрените позитивни промени во заедницата, кои ги создаваме со многу труд и љубов“, ни изјави Маја Наумовска од Црвениот крст. 

„Оваа година пакетчињата ќе бидат доделени на 24 декември (петок), согласно мерките и препораките од Министерството за здравство и Владата. И покрај тоа што, корона-вирусот ни донесе нова реалност, Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Кисела Вода со помош и поддршка од страна на Секторот за внатрешни работи и ИПА (Интернационална полициска асоцијација) Скопје, нема да дозволи да згасне празничниот дух кој ни носи неизмерна радост во овој период од годината“, дополнуваат од Црвениот крст. 

Замислата на волонтерите е преку централен настан, тематски определ како: "Реални и надреални суперхерои", да се доделат пакетчиња на локација: Дневен центар за лица со интелектуална попреченост "Пролет", општина Центар (ул. Пролет бр. 39, на паркингот кај Веро Џамбо). Доделување на пакетчињата ќе биде во временски интервал е од 09:00 до 15:00 часот.

И оваа година, од Црвениот крст велат дека имаат голема поддршка од страна на општествено одговорни компании и поединци, кои дополнително ќе бидат истакнати како позитивни примери во заедницата.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе