Како последица од ковид-19

Почина охридскиот лекар Драган Спасески Охридски

Како последица од компликации од ковид-19 на 60 - годишна возраст почина познатиот лекар и сестран уметник Драган Спасески Охридски.

Спасески Охридски беше лекар специјалист, ортопед - хирург, уметник, писател. 

Автор е на бројни уметнички дела видени на изложби во земјава и во странство, автор на поетски и прозни дела.

Минатата година со голем мултимедијален проект во црквата Св. Софија, тој одбележа 30 години од неговата прва изложба во 1989 година. 

„Самопожртвувано, низ секојдневна клиничка пракса им помагаше на пациентите, а со својот позитивен лик, енергичност и сестраност секогаш беше тука и за колегите, за професионална дискусија, личен разговор, совет и поддршка. Ќе биде запаметен и по неговиот општествен, хуманитарен ангажман како и по неговата пасија за уметноста, особено сликарството и поезијата“. – се вели во пораката со сочувство на Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо" – Охрид.

„Останавме без врвен доктор, вреден охридски интелектуалец, ликовен уметник, писател и обичен човек со ретки естетски вредности и филозофски размисли.
Јас останав без голем пријател и колега, со кого делевме многу добри и важни нешта и успешно се справувавме со сите предизвици. За жал, останавме без еден голем човек кој ќе влезе во колективната меморија на древниот Охрид. Неговото дело ќе биде гордост за неговото семејство, сограѓаните и интелектуалните кругови, не само во нашата држава, туку и во целиот свет“, објави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе