Почина новинарот Киро Герасимов

Почина новинарот Киро Герасимов од Кочани. Повеќе од три децении Герасимов беше дописник на Македонската радио-телевизија и зад себе остави бројни записи за локалните и за регионалните општествено-политички случувања. Беше и поет, есеист и хроничар на Кочани и на источниот регион. Имаше 72 години.

Подготви бројни репортажи и документарни емисии посветени на луѓе и настани од Кочанско. Автор е на седумдесетина дела, од кои голем дел се посветени на културниот живот на Кочани. Има издадено и неколку поетски збирки, меѓу кои и препеви од словенечки јазик, а последните години работеше на едицијата „Богатство запишано во времето".

Герасимов е добитник е на Годишната награда за новинарство на МРТВ, на Седмосептемвриската награда на Кочани и на други награди и признанија.

Погребот ќе биде утре на Градските гробишта во Кочани.

Па како што велеле НЕ моите омилени македонски преродбеници од 19 век, и јас ќе кажам НЕ на овој предлог.

повеќе

Се докажува дека ЕУ интеграцијата е дијалектички процес, кој е подложен на динамика и на противтежни сили, процес кој нема да се одвива стабилно, автоматски и линеарно.

повеќе

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе