Почина Муличкоски, архитектот на зградата на ЦК на СКМ, подоцна зграда на Владата

На 93 години почина Петар Муличкоски, архитектот на зградата на некогашната ЦК на СКМ од 1970 година, која во независна Македонија стана зграда на Владата, а која потоа владата на Никола Груевсвки ја „доѕида“ во барокен стил, без никаква поврзаност со идејното решение на архитектот, ниту пак со негова согласнот. Муличкоски за футуристичкиот дизајн на овој објект добил и меѓународна награда. Великанот на македонската архитектура е автор и на објекти кои се трајно обележје на македонската современа архитектура – Народна и универзитетска библиотека (НУБ) „Св. Климент Охридски" од 1971, Спомен-костурницата во Кавадарци од 1974, Стопанска банка во Скопје од 1974 и многу други.

Творештвото на архитектот Петар Муличкоски е мошне разновидно и опфаќа од урбанистичко и архитектонско проектирање и ентериери до меморијална и пејсажна архитектура, а може да се истакне и неговиот специфичен израз во негувањето на цртежот што е една од спецификите на неговото воспитание како архитект од класата на проф. Едвард Равникар на Љубљанскиот универзитет, пишува на сајтот на МАРХ.

Муличкоски е роден 1929 година во Прилеп каде го минал раното детство и средношколските денови. Во периодот од 1949 до 1957 студира Архитектура на Техничкиот факултет во Љубљана. Во 1959 е избран за редовен асистент на Техничкиот факултет во Скопје. Со понатамошно лично надградување во 1967 е избран за доцент, а во 1978 за редовен професор на истиот факултет.

Во 1960-те престојувал во САД во светски архитектонски бироа и во студиото на Френк Лојд Рајт во Аризона, во школата на Мис Ван дер Рое во Чикаго и во студиото на Чарлс Имс во Чикаго. Имал стручни престои и во во Шведска, Данска, Швајцарија, Италија и Грција.

„Нема сомнение дека современите светски тенденции во архитектурата извршиле влијание врз творештвото на Петар Муличкоски. Во неговите дела посебно е забележителна функционалноста и специфичноста на конструкциите, и објектите поседуваат чист и јасен архитектонски израз на конструктивизмот и новиот брутализам, едниот направен од метал, бетон и стакло со 'ѕидна завеса'(Владата) и другиот во натур-бетон, оригинален претставник на новиот брутализам (Спомен-костурница во Кавадарци)", велат од МАРХ.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе