Жална вест

Почина Јован Христовски, колумнист на МКД.мк

Во својот дом во Упсала, Шведска неодамна почина историчарот и колумнист на МКД.мк Јован Христовски.

Тој е роден 1951 година во Битола, Република Македонија. Во 1970 година се преселува во Упсала, Шведска, каде во 1977 дипломира на отсекот историја и античка археологија на универзитетот во овој град. Подоцна завршува и студии за менаџмент на туризам и хотелиерство.

Автор е на повеќе книги со историска тематика главно поврзани со историјата на Македонија објавени на македонски, шведски и на српски јазик.

Од почетокот на распадот на Југославија во 1991 година кај него се пробудува интересот за историјата на балканските народи и влијанието на истата на денешните случувања на Балканот. Од посебен интерес се процесите на создавање на нациите на Балканот, национализмот и националните конфликти.

Ова главно беа темите на неговите колумни објавени на МКД.мк. Еве ги насловите и линковите на на дел од нив.

Бугарија и нацизмот

Зошто да не? Фински искуства и поуки

Да се зачува и одбрани идентитетот на еден народ

Нацијата без преданија и сказни

Самоилово, македонско царство

Што ако Каракачанов стане премиер?

Бугарската последна битка

Бугарското Илинденско-Преображенско востание

„Преспа во пламен и чад"

Трговија со идентитети

Јужната македонска граница и преговорите со Грција

Персеполис 1974, Букурешт 1984, Анкара 2014...

Културниот геноцид во Егејска Македонија

„Браћо Македонци“

Заслужува ли човекот што бил виновен за безбројни колежи да биде наречен Велики?

Етничка или граѓанска македонскa нација

Бегството на Зорба

Етничка или граѓанска македонскa нација

Кој е сопственикот на Александар Македонски?

Племенити хелени, варвари и ЕУ

Антички или автентични Македонци

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе

Со само 48% вакцинирано население, недозволиви грешки на стручниот штаб за Ковид-19 и масовни протести против вакцинација, очигледно е дека кампањата за вакцинација во Словенија беше навистина неуспешна. 

повеќе