Министерот порача дека продолжува да работи за граѓаните

По битката со ковид-19, Спасовски се врати на работа во МВР

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски по повеќе од три недели откако објави дека е позитивен на ковид-19, се врати на работа во МВР. Спасовски во борбата со корона вирусот беше хоспитализиран и на Инфективната клиника во Скопје. Тој утрово на својот официјален Фејсбук профил порача дека се враќа на работа со големо искуство зад себе и продолжува да работи за доброто на граѓаните. 

„Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните.

Предизвикот пред кој сме исправени како општество е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето. Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал - искрена благодарност за нивниот влог.

Но, ова е заедничка битка - чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме“, порача министерот Спасовски на Фејсбук. 

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во неговото прво појавување во јавноста по борбата со ковид 19 на ТВ 24, рече дека одговорноста е најважна во борба со вирусот и почитување на мерките.

Мора во секој момент да имаме на ум дека со тоа се помага и на здравствените работници, рече Спасовски.

„Размислував како и оваа битка да ја добијам и оваа битка е многу добро животно искуство и со таа помисла со позитивна мисла со помош на лекарите и поддршка од семејството во ниту еден момент не помислив на друго, освен да заврши битката и да се вратам на функцијата." - рече Спасовски.

Спасовски рече дека психолошкиот момент е најважен во борба со болеста и дека лекарите ја имаат најголемата заслуга во борбата против вирусот. Потенцираше дека на Инфективната клиника е невидена пожртвуваност на пациентите и апелираше до сите да бидат совесни и да ги почитуваат здравствените работници кои се борат за секој живот на клиниките и за да опстои здравствениот систем.

Во врска со акцискиот план, Спасовски рече дека кризната состојба се прогласува за да мое преку системот за управување на кризи да се стават сите дравни ресусри и ресурсите на трговските друштва, практивно сите ресурси на државата во борба со пандемијата. Одлуките кои значат рестрикции не доаѓаат по автоматизам со прогласување на кризната состојба, владата носи одлу,ки врз основа на законот на заштита на населението и препораките од комисијата за заштита од заразни болести.

„Кризната состојба не значи дека во целост ќе се смени нормалниот живот на граѓаните, туку да ги искористиме сите капацитети и ресурси." - рече Спасовски.

Потенцираше дека денеска во 14 часот закажал управувачки комитет и на тој комитет ќе се разгледа акцискиот план кој го подготви главниот штаб со кој раководи директорот на ЦУК и во него ќе се наведат сите активности кои ќе бидат превземени. Армијата ќе работи заедно со полицијата.

„Врз основа на проценката што ќе се направи од главниот штаб, се прави акциски план во рок од 24 часа од прогласувањето на кризната состојба и сите активности кои треба да бидат преземени од било кој надлежен орган се става во тој план." рече Спасовски.

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе