Патот Росоман - Прилеп оспособен за сообраќај

Регионалниот пат Росоман – Прилеп кај место викано „Трите ленти" е отворен за сообраќај, соопшти АМСМ. Претходно, поради голем одрон на патот, сообраќајот беше во прекин. Изведувачот на новиот пат кинеската „Синохидро“ работеше со механизација на расчистување на патот.

Фото: До попладнево патот беше под вода

Овој патен правец од околу 6 часот утрово беше во прекин поради одрон на земјиште и огромни водни налети по патот. Работите на оспособување на делницата траеше 9 часа.

Како алтернатива возачите го имаа патот од Велес преку Богомила за Прилеп и другите југозападни места, но кој е во полоша состојба и е потребно повеќе време за патување. За патниците кои веќе биле во близина на местото на одронот тоа секако беше најнеповолната варијанта за продолжување на патувањето.

Легенда под Главна слика

Фото: До попладнево патот беше под вода

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе