Ќе се поминува со рачно евидентирање

Падна системот на Деве Баир, колона возила за влез во државава заглавени повеќе од еден час

Колона возила попладнево заглавија на граничниот премин Деве Баир. Според информации на МКД.мк од патници кои чекаат од Бугарија да влезат во државава, на границата се чека околу час и половина. Образложението на царинските служби е дека паднал системот и дека треба да се даде наредба за рачно запишување, евиденција и пуштање на патниците доколку проблемот продолжи.

„На граничниот премин чекаме час и половина. Системот е паднат и ни беше кажано дека не можат да не пуштат да влеземе во Македонија. Си рековме дека за 10 до 15 минути можеби ќе се среди проблемот, но веќе час и половина сме овде. Огромна колона на возила се собра и најверојатно ќе треба рачно да не запишуваат и да не пуштат да поминеме на граничниот премин", ни изјави патничка која повеќе од еден час со своето семејство чекале во автомобилот за влез во државава.

На граничниот премин Деве Баир изјава за медиуми за настанатата состојба ни рекоа дека не даваат и не препратија одговор да бараме во МВР. 

Нашата редакција побара одговор и во МВР од каде велат дека поради технички проблеми евиденцијата ќе се одвива рачно се до надминување на проблемот и за да нема поголем застој. 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе