Прв случај во последните 15 години

Осуденичка се породи во затворот во Идризово, роди живо и здраво машко бебе

Осуденичка се породи во затворот во Идризово, дознава МКД.мк. Таа во петокот спрема саботата во најголемиот затвор во државава во период кога светот се бори со пандемија од коронавирусот, родила живо и здраво машко бебе. Информацијата за МКД.мк ни ја потврдија и од затворот од каде велат дека и бебето и мајката се во добра здравствена состојба

Осуденичката е на 24 годишна возраст и во женскиот дел од затворот издржувала казна за разбојништво и тешка кражба во траење од 5 години и 10 месеци. На мајката ова и е четврто дете. Пред него има 2 сина и една ќерка.

Издржувањето на затворската казна го започнала на 24 декември, 2019 година и во затворот била дојдена бремена. Доцна во ноќта во петокот спрема саботата таа во затворот се породила. Во моментов се наоѓа во женскиот дел на оваа установа во посебна дезинфицирана и чиста соба заедно со своето бебе.

 

На породената осуденичка и следува период од 9 месеци за да може да биде со своето дете.

За мајката до Управата за извршување на санкции поднесено е барање за прекин на издржување на затворска казна од еден месец, со можност за повторно продолжување.

Откако ќе изминат 9 месеци, мајката треба повторно да се врати во затвор каде треба да продолжи да ја издржува затворската казна.

Бебето кое се роди во затворот во Идризово е прв случај во период од можеби петнаесетина години.

К.Д.

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе

Што е со оние граѓани кои не се вклопуваат во нашиот (би)етнички дискурс?

повеќе

Постојат различни фактори кои влијаат на нивото на ризик кога станува збор за перење пари. Тоа може да биде од клиенти, региони, производи или ризик од финансиски инструменти. Разбирањето на овие ризици, како и факторите што придонесуваат, им овозможува на надлежните органи многу поефикасно да се заштитат од перење пари поврзано со корупција.

повеќе