Организаторите очекуваат безбеден марш на „Скопје прајд“

Љубовта е единствено нешто што може да го искористиме како алатка да го победиме насилството под кое се изложени разлилчните, дури кога и за другите владее мирот. Затоа што никој не смее да биде лишен од правото да сака или пак да биде прогонуван поради тоа што нивната љубов не е нормирана или под законот. Па затоа, заради тоа што љубовта мора да победи, повикуваме да излеземе за љубов, истакнаа од Национална мрежа против хомофобија и трансфобија на денешната прес-конференција за претстојниот „Скопје прајд“. 

Годинашното издание на „Скопје прајд“ ќе се одржи во последната сабота од јуни, на 25-ти, под мотото „Излези за љубов! Достоинство. Еднаквост. Правда."

Оваа година поради временските услови, собирањето за Прајдот ќе биде во 17 часот во Жена парк, а маршот низ улиците во Скопје ќе започне во 19.30 до Стадионот на АРМ, каде ќе има и музичка програма.

Организаторите очекуваат безбеден марш, бидејќи, како што посочија на прес-конференцијата, оваа година имаат одлична соработка со МВР.

„Повторно ќе има еден безбеден Прајд каде сите што ќе дојдат ќе може да се чувствуваат безбедно и ќе можат да се борат за тоа што мислат дека е важно и да ни се придружат. На Скопје прајд, годинава, како и секоја година, ги славиме сексуалниот и родовиот диверзитет и ја промовираме квир културата“, нагласија од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.

Додадоа дека преку менханизмите кои како невладини организации ги имаат од претходно, мониторираат на дневно ниво говор на омраза и најавија оти ќе го забележуваат секој говор на омраза и ќе го известуваат Одделението за електронски криминал во МВР, се со цел, како што посочија, заедно со МВР што повеќе да работат на делот од безбедноста кој е најважен, а тоа е превенцијата.

„Очекуваме безбеден Прајд со кој ќе го искажеме нашиот протест, ќе ги истакнеме работите кои ние ги бараме како заедница и на крај да ја прославиме различноста и сето она што не прави убава шарена заедница“, посочија организаторите.

Тие потенцираа дека е очигледна потребата се уште да го развиваат и практикуваат овој концепт на протест и на видливост.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе