Соопштение за пожарот и интервенцијата на пожарникарите

Во зградата на „Жито Битола“ ќе се догаснува огнот цела ноќ, велат од Општината

Пожарот кој избувна попладнево во 17 часот и 20 минути во објектот „Жито Битола", вечерва во 20.00 часот е ставен под контрола, но догаснувањето во главната зграда ќе трае до утрото, соопшти Општината и сподели неколку фотографии.

Во гаснењето на пожарот во објектот „Жито Битола", беа вклучени 29 пожарникари со 9 противпожарни возила, а на барање на градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, беше помогнато и со две возила за дотур на вода од ЈП Водовод и РЕК Битола, велат од Општината.

„Според податоците од заменик командирот на ТППЕ Битола, Горан Димкоски, екипите на противпожарната единица во моментот вршат догаснување на делот од главната зграда, кое најверојатно ќе трае до утринските часови. Направена е замена на противпожарната екипа на терен која гаснеше четири часа, со нова екипа која ќе ја контролира ситуацијата во текот на ноќта“, се вели во сопштението.

 

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе