Не опстана ни 48 часа

Охрид го „воскресна“ Прличев, вандали го онеспособија неговиот холограм (ВИДЕО)

Нецели 48 од неговото поставување на плоштадот на уметноста „Долна Порта“, паметниот споменик на виртуелниот Григор Прличев е вандализиран од непознати лица и онеспособен да функционира.

Проф. д-р Анис Сефиданис објави дека вандали се обиделе да му го извадат главниот компјутер, а пресечени биле и жиците за довод на струја. 

„Вечерва на 11-ти август, после нецели 48 часа од промоцијата, Паметниот споменик на Виртуелен Прличев кој години го работев со мојот тим и поддршка на Општина Охрид беше вандализиран и онеспособен од функција. Непознати лица го пресекле доводот до електрична енергија, го отстраниле македонското знаме и ги искорнале написите. Се обиделе да ги отворат и металните врати за да стигнат до главниот компјутер, но поради цврстиот материјал и безбедносните брави успеале само искривувања да нанесат на истите“, напиша Сефиданис на Фејсбук.

Случајот беше веднаш пријавен во МВР Охрид, при што екипа направи увид и ќе ја проследи постапката до Јавното Обвинителство.

Споменикот, како што вели Сефиданис, е времено надвор од функција, но активно се работи заедно со Општина Охрид на негово рестартирање, како и со безбедносните служби „за негова заштита од социопатите со кои за жал нашите деца го делат плоштадот“.

Дигиталниот паметен споменик ги вкрстува вештачката интелигенција и виртуелната реалност во уникатно футуристичко искуство за граѓаните и посетителите на Охрид.

Воскреснувањето на Григор Прличев преку користење на најновите технологии овозможува да ги спознаеме културата и технологијата, минатото и иднината, во непосредна интеракција со дигиталната свест на Вториот Хомер, пишува „Охридњуз“.

Инаку, споменикот беше промовиран пред македонскаѕа јавност во средата, а со него можеше да се комуницира. На „здраво“ од граѓаните, тој велеше: „Добредојде!“. 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе