петок, 10 мај 2024

Скопје ќе мора да го почитува Преспанскиот договор, велат грчки дипломатски извори

Обврска на Скопје е строго да го почитува Договорот од Преспа, забележуваат дипломатските кругови од Грција, посочувајќи дека Северна Македонија несомнено е важна земја во поширокиот регион со која сакаме да имаме добрососедски односи и која ја поддржуваме во однос на нејзината европска перспектива, пишува Та неа.

Објавено на

часот

Сподели

На употребата на името Македонија, без одредницата „Северна“, на почитувањето на Договорот од Преспа, но и на ставот на Грција за конкретното прашање, акцентот го ставаат дел од грчките медиуми во анализите по завчерашните избори, по убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ и промената на политичката сцена, јави МИА од Атина.

Весникот Та неа во текстот под наслов „Нивна обврска е строго почитување на Договорот од Преспа“ пишува дека „Атина со зголемен интерес и смиреност ја следи промената на политичката сцена во Скопје“, а грчки дипломатски извори рекле дека изборите се демократски процес „чиј резултат ќе се почитува каков и да е“, а во исто време подвлекле дека „прилично поткопувачките позиции во однос на Договорот од Преспа, кои беа јавно изразени во предизборниот период од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски не останаа незабележани и во никој случај не ја задоволуваат Атина“.

Обврска на Скопје е строго да го почитува Договорот од Преспа, забележуваат дипломатските кругови од Грција, посочувајќи дека Северна Македонија несомнено е важна земја во поширокиот регион со која сакаме да имаме добрососедски односи и која ја поддржуваме во однос на нејзината европска перспектива, пишува „Та неа“.

Весникот пренесува и дипломатски извори од Скопје, „кои ја отфрлаат можноста ВМРО-ДПМНЕ да го стави во опасност почитувањето на она што е вклучено во текстот на Договорот од 2018 година меѓу Грција и Северна Македонија“.

„Кој и да е на власт во земјата, Договорот од Преспа ќе се почитува целосно, оценуваат од Скопје, потенцирајќи дека воопшто не е случајно што во текстот на Договорот од Преспа нема клаузула шо споменува рок на траење. „Тоа значи дека Договорот од Преспа е потпишан и е тука за да остане“, забележуваат истите дипломатски извори, пишува Та неа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ