Оддадена почит и положено цвеќе на гробот на Никола Карев

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски оддаде почит и положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на Никола Карев, првиот претседател на Крушевската Република, во „Македониумот" на Гумење - Крушево. 

Со ова започнува централната прослава во Крушево на големиот државен празник 2 Август, Денот на Републиката - Илинден, кој оваа година се одбележува под слоганот „Нашата сила за иднината".

Претседателот на Владата, Ковачевски ја предводи владината делегација во состав од заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски ќе оддаде почит и ќе положи венци свежо цвеќе на историските спомен обележја посветени на Илинден во Крушево, на споменикот на Слива, кој претставува симбол на саможртвата на македонските востаници во одбраната на Крушевската Република, а ќе присуствуваат и на Панихида којашто традиционално се организира секоја година во чест на загинатите илинденци во црквата „Св. Никола" во Крушево.

И делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од потпретседателот Александар Николоски, а во состав на членот на ИК и пратеник Драган Ковачки и пратеничката Ане Лашкоска положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на првиот претседател на Крушевската Република во Македониумот на Гумење во Крушево - Никола Карев.

Централната манифестација и обраќањето на премиерот Ковачевски ќе се одржи на Мечкин Камен.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе