Во следните денови ќе преовладува променливо облачно време, а утре попладне во југозападните делови ќе има слаби локални врнежи од дожд, најавува УХМР. Поинтензивни врнежи се очекуваат од четврток до сабота кога ќе дува и засилен до силен ветер од јужен правец.
Утре минималната температура ќе биде минус еден степен, а максималната ќе достигне 19 степени.
Според прогнозите, од вторник до сабота дневните температури ќе се движат меѓу 13 и 22 степена.
Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас.