Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека најсилниот земјотрес бил во 11:16 часот со Рихтерова магнитуда од 6,3 и е почувствуван на целата територија на земјава, особено на повисоките катови во зградите.
Епицентарот на земјотресите бил на 260 километри јужно од Скопје во соседна Грција.
Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот во Грција бил со јачина од 6,2 степени на длабочина од 10 километри.