Од денеска до среда времен сообраќаен режим на патниот правец Маврово – Дебар

Од денеска и во наредните два дена, во периодот од 10 до 16 часот ќе биде воспоставен времен режим,  комплетно затворање на  сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар, делница Маврови Анови- Жировница.

Општина Маврово и Ростуше ги известува своите граѓани, како и сите оние кои планираат да патуваат по овој регионален пат,  дека, од денеска (понеделник) до 7 септември (среда) во периодот од 10 до 16 часот, поради рехабилитација на регионалниот пат Маврово –  Дебар ќе биде воспоставен времен режим-комплетно затворен сообраќај на делницата Маврови Анови – Жировница, информираше општина Маврово и Ростуше. 

Според изведувачот на работите,  градежното претпријатие „Пелагонија“ од Гостивар ќе се реализира  испитување на мостовските конструкции на патот, во рамки на проектот „Рехабилитација на регионалниот пат Р1202, делница Маврови Анови – Жировница“. 

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе