И ова се случува

Од август има решение за прекин на изградбата, бетонирањето на објектот под Бистра во Маврово продолжува и во септември

Фирма „Кета агро“ од Маврово и изведувачот на работите „Нивел“ од Гостивар на 31 август добиле решение за прекин на изградбата на хостел под хотелот Бистра во Маврово затоа што со почетокот на ископот ги довел во опасност околните објекти. Фотографиите и снимката се направени вчера - изградбата на објектот непречено продолжува. Неофицијално, инвеститор на овој објект е судија на Апелацискиот суд од Гостивар.    

Вчера „бетоњерката“ непречено од никого донесе бетон за првата плоча на објектот од втора категорија „за времено сместување - хостел, пансиони и згради апратмани со студија“. Градежниот инспектор увидел дека ископот се врши на површината на целата парцела, а јамата не била обезбедена поради стрмниот наклон на земјиштето.

Во решението пишува дека изградбата може да продолжи само ако се обезбеди градежната јама, а одговорен за тоа е главниот и одговорен инженер за изведба Едип Салији.

Рокот за ова бил 15 дена, а ако тоа не се направи - затрупување на градежната јама и враќање на земјиштето во првобитна состојба. Ништо од ова не било сторено, освен продолжување на градбата и од вчера почеток и на бетонирањето.

При изградабата на овој објект оштетен бил и соседен објект на Чедомир Дамјановски, кој исто така испратил до надлежните бројни жалби. Но, освен официјални записници за оштетен објект од надлежните немало никаква реакција. Куќата е веќе оштетена затоа што ископот бил направан на само еден метар, а опасноста од лизгање на земјиштето останува. 

Пред два дена пишувавме за новата депонија под Каменоломот на брегот на Мавровското Езеро. Мештаните сведочат дека камионите со шут и земја токму од овој објект биле растоварувани таму. И повторно молк од надлежните.

А.Д.

 

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе