Обвинителството ја повлече жалбата, Мијалков оди во куќен притвор

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја повлече жалбата што вчера ја поднесе до Апелацискиот суд во Скопје со која бараше на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков наместо куќен притвор да му биде одреден ефективен притвор, потврдија за МКД.мк од ОЈО ГОК.  За сега не се знаат причините поради кои Обвинителството одлучило да ја повлече жалбата. 

Поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој од неделата беше недостапен за органите на прогонот, попладнево се појави пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал, за, како што изјави, да го подигне решението за куќен притвор што му го одреди Кривичниот суд.

Мијалков кажа дека дека не избегал, туку во текот на вчерашниот ден бил во изолација поради здравствени причини. Имал висока температура и симптоми на корона, а за ситуацијата што настанала околу него дознал утрово.

Тој им се извини на граѓаните, на премиерот, Владата и на сите други институции за непријатностите што биле предизвикани.

Мијалков кажа и дека нема да бега и останува во државата.

„Оној што ме познава знае, јас кога ќе дадам збор не го погазувам. Јас јавно дадов збор дека нема да побегнам никогаш. Се случи тоа еден ден во изолација вчерашен и еве гледате непријатности", изјави Мијалков за ТВ 24 пред Јавното обвинителство за гонење организиран криминал.

Да бидеме реални: регионот на многу начини сè уште е претежно (погрешно) разбран и (погрешно) третиран и меѓународно се нарекува „бурето барут на Европа“.

повеќе

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе