Поддршка за регистарот

ОБСЕ ја поздравува иницијативата за јакнење на медиумската саморегулација

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Харлем Дезир изрази поддршка за регистарот за саморегулација на онлајн медиумите во Северна Македонија, промовиран вчера од страна на Советот за етика во медиумите, ЗНМ и Стопанската комора.

Медиумската саморегулација е корисен механизам и придонесува кон поквалитетно информирање, заштита на уредничката слобода и јакнење на медиумскиот кредибилитет, изјави Дезир.

Според него, меѓу другите начини како оваа иницијатива ја унапредува саморегулацијата на онлајн медиумите се и барањата тие транспарентно да ги објавуваат изворите на финансирање, да се придржуваат до Кодексот на новинарите и да ги објавуваат одлуките на Советот за етика во медиумите.

Се надевам дека оваа заедничка активност на неколку организации од Северна Македонија ќе биде корисна за медиумските платформи како и за пошироката медиумска заедница, смета Дезир.

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите наведува дека ги следи медиумските случувања во сите 57 земји учеснички на ОБСЕ. Тој обезбедува рано предупредување при нарушувања на слободата на изразување и слобода на медиумите и промовира целосно почитување на заложбите за слобода на медиуми на ОБСЕ.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе