Минималните температури утрово на места се спуштија до 12 степен, а во југоисточните делови од Македонија до 19-от степен.
Максималните температури на југоистокот ќе достигнат до 32 степени, во Скопје до 29 степени.
Викендов ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силни електрични празнења, силен ветер и изолирана појава на град.
Утре и во понеделник ќе дува засилен северозападен ветер што ќе услови мало опаѓање на температурите.