Време

Облачно со сончеви периоди, суво и релативно топло време и за време на новогодишната ноќ

Времето денеска наутро во некои делови од земјава ќе биде магливо, а преку ден променливо облачно со сончеви периоди, особено на истокот. Во крајните западни делови ќе биде пооблачно и ќе има појава на повремени слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 7, а дневната од 6 до 13 Целзиусови степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 13 степени.

За следните денови синоптичарите најавуваат променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди повеќе на исток и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови повремен дожд и снег на повисоките планини.

Во текот на ноќта кон четврток и претпладнето ќе има повремен дожд кој во попладневните часови на места во западните делови ќе преминува во повремен снег на повисоките места.

За време на новогодишната ноќ во најголемиот дел од земјата ќе биде суво, освен во крајните западни делови каде што ќе биде пооблачно со услови за појава на слаб дожд и снег на повисоките места.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе