Време

Oблачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Македонија претпладне ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, претежно во јужните делови. Попладне облачноста делумно ќе се намали. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до Целзиусови 16 степени.

Во Скопје, претпладне променливо облачно, во текот на денот облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 13 степени. Маврово 8, Охрид и Битола 13, Крива Паланка 11, Берово 10, Кавадарци 15, Дојран 16.

Утре и задутре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Во сабота продор на постудена воздушна маса проследен со засилен северен ветер ќе предизвика опаѓање на температурите и слаб снег на планините.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе