Време

Облачно со повремени врнежи од дожд

 Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од пет до 11 степени, а дневната температура ќе се движи од 12 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен западен ветер. Максималните дневни температури ќе бидат во Скопје и Охрид 17, Маврово 12, Битола и Кавадарци 19, Крива Паланка и Берово 15, Дојран 20.

Од утре  се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови за локален дожд.

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе