Време

Облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. На места врнежите ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието, информират од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. 

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 17 степени.

Утре ќе се задржи променливо облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд.

Од среда дневната температура ќе биде во пораст, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе