Време

Облачно со повремени локални врнежи од дожд и повисоки дневни температури

 Денеска времето во Македонија ќе биде облачно со повремени локални врнежи од дожд, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 11 степени.

Во Скопје облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 8 степени. Маврово 5, Охрид и Крива Паланка 10, Бирола 9, Берово 8, Кавадарци 11, Дојран 10.

Во следните денови ќе преовладува значително облачно време, на места со врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи се очекуваат во недела во текот на ноќта и во понеделник претпладне.

МОН најавува реформи во образовниот систем. Се разбира, реформите ги чекаме со нетрпение, но во насока на суштински измени, а не избрзани одлуки, копирање туѓи идеи и нивно вадење од контекст неприменлив во нашата средина, како и повторно експериментирање со децата.

повеќе

Ве молам потрошете малку време и погледајте кои закони не може да се донесат, ако за нив не даде амин Али Ахмети.

повеќе

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе