Време

Облачно со пониски дневни температури

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно, од наутро во западните, а потоа и во северните делови ќе има повремен локален дожд, а на планините снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (понекаде со брзина од над 70 км/час). Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места.

Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 11 Целзиусови степени, Маврово 5, Охрид 11, Битола 12, Крива Паланка 9, Кавадарци 13, Берово 10, Дојран 17.

И за утре прогнозата е променливо облачно и посвежо со сончеви периоди особено во посеверните делови. Во јужните делови ќе има услови за слаб локален дожд, на планините за слаб локален снег. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер. Дневните температури ќе се движат од 3 до 12 степени.

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе

Вакцинирањето преку ред, слабата стратегија и лошата комуникација со јавноста ги обележаа првите месеци на вакцинирање во Хрватска која во моментов е близу дното на ЕУ во однос на процентот на вакцинирана популација. 

повеќе