Време

Облачно со локални врнежи од дожд

Времето во Македонија денеска ќе биде облачно, уште од изутрина со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Ќе дува умерен до засилен, а вдолж Повардарието и во источните делови силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец кој попладне ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 19 степени. Маврово 10, Охрид 15, Битола 18, Крива Паланка 17, Берово 14, Кавадарци и Дојран 20.

Од утре до сабота времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд. Утре на повеќе места ќе дува засилен јужен ветер (над 60 км/час). Особено нестабилно ќе биде во петок кога ќе има појава на локално невреме со пороен дожд, грмежи, силен ветер и услови за ретка појава на ситен град. Од недела ќе се задржи променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, во недела на повисоките планини на запад од снег.

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе

Потписниците на нотарските изјави дека нема да гласаат за измените на Уставот се подложни на промени за материјално благо.

 

повеќе