Време

Oблачно, нестабилно со дожд и грмежи

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, од пладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната од 25 до 32 Целзиусови степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 29 степени.

До утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а в четврток и в петок ќе има изолирана појава на нестабилност. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град.

 

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе