Време

Oблачно, магливо со сончеви периоди

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наутро во источните делови се уште ќе има услови за локален дожд, а на планините на северозапад слаб снег ќе провејува во текот на претпладнето. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 16 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени. Маврово 4, Охрид 9, Битола и Берово 10, Крива Паланка 12, Кавадарци 15, Дојран 16.

Во следните денови ќе преовладува променливо облачно и релативно топло време со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер, а во крајните западни делови ќе има услови за повремени слаби врнежи.

Во среда кон крајот на денот и во четврток претпладне врнежи од дожд ќе има на повеќе места. За време на новогодишната ноќ се очекува суво и претежно ведро време, во западните делови со мала до умерена облачност.                              

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе