Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Локално врнежите ќе бидат пообилни над 20 л/м2, а на планините ќе се формира нова снежна покривка. Во петок и сабота ќе настапи преодно стабилизирање на времето, а во недела ќе има локални врнежи од дожд.