Време

Облачно и ветровито, од вечер повремени врнежи од дожд и снег

Денеска времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во вечерните и ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите повремено ќе бидат поинтензивни и проследени со засилен југозападен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -7 до -1, а максималната ќе достигне од 5 до 11 Целзиусови степени.

Во Скопје прoменливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер.

Во наредните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи претежно од дожд, пообилни во недела попладне.

 

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе

Отворено писмо до претседателот Пендаровски и  академска фела во Македонија.

повеќе