Време

Oблачно и ветровито

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со услови за појава на магла по одделни котлини. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 14 Целзиусови степени.

Во Скопје значително облачно, претпладне со услови за појава на магла. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), продолжува периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во текот на ноќта кон недела и во недела наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување снег и во некои пониски места.

Минималната температура ќе се движи од два до 12 степени, а максималната од шест до 16 степени.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе