Време

Облачно и студено

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен до засилен, а вдолж Повардарието силен ветер претежно од северозападен правец. Наместа ќе провејува слаб снег. До крајот на денот облачноста во најголем дел од земјава ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 2, а максималната ќе достигне од -1 до 6 Целзиусови степени.

Во Скопје, како што информира УХМР, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со засилен северен ветер.

Од утре ќе настапи преодно стабилизирање на времето, но ќе се задржи студено, особено во утринските часови. Од петок следува период на променливо облачно и потопло време со нови врнежи од дожд, а на планините од снег.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Прилеп и на планинскиот премин Стража, информира Автомотосојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Во сила е воведената забрана за движење на тешки моторни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка поради интензивни врнежи од снег. Се препорачува задолжителна употреба на зимска опрема за лесни моторни возила и автобуси на истиот патен правец.

Од АМСМ потсетуваат на законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.

Препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе