Потрагата трае неколку дена

Нуркачи, војници, припадници на „Волците“, пожарникари, дронови... го бараат возачот кој падна во Вардар

Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово соопшти дека и денеска продолжува потрагата по возачот од автомобилот излета и потона во водите на реката Вардар во близина на село Желино.

„Од 09.00 часот на терен се 50 војници, девет припадници на „Волците" со нуркачки тим, осум (8) вработени во Територјалната противпожарна единица ТППЕ Тетово, два (2) вработени од ДЗС Тетово, осум (8) вработени од Дирекцината за заштита и спасување ДЗС Куманово, а се очекува да се приклучат и двајца (2) нуркачи од ДЗС. Присутни се и полициски службеници од ПС Групчин и ПС Јегуновце, два (2) од РЦУК Тетово, а исто така помагаат и доброволци од месното население", соопштија од РЦУК.

Исто така, се користат и пет дрона за воздушно набљудување.

Во вторникот тетовската полиција доби пријава дека излетал „голф" во реката Вардар од кај мостот кај Желино. Засега се трага по 22 годишниот кумановец Е.Р, чие семејство го поседува автомобилот. 

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе