Нуредини: Пристап до вода за пиење за секое населено место

Секое населено место мора да има пристап до вода за пиење, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на почетокот на изградбата на секундарна водоводна мрежа со разделни шахти за приклучување на потрошувачи за Мерово во Општина Желино.

Од ресорното министерство информираат дека овој проект тежи над 5,5 милиони денари.

„Вкупната вредност на проектот изнесува 5.637.230,00 денари, од кои 5 милиони денари се обезбедени од МЖСПП преку Програмата за управување со води за 2022 година. Овој проект е дел од проектот кој треба да се дореализира со програмата за 2023 година и ќе овозможи пристап до чиста вода, за домаќинствата на уште едно населено место во Полог“, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе