Новинарка повикана во полициска станица за објавен текст, а по пријава на службеничка од Министерство за правда

Новинарката Соња Колевска-Делевска од СДК.МК денеска беше повикана во полициската станица Беко во Скопје на „службен разговор во врска со поплака" за објавен текст. Пријавителката е државна службеничка, раководителка на едно од местата во Министерството за правда, која според пријавата против Делевска, почувствувала вознемиреност по нејзиното здравје и по угледот, по објавен текст во СДК.МК. 

Пријавата, односно повикувањето од полицијата е во врска со објавениот текст „Адвокатка тврди дека ѝ бил побаран поткуп од раководителка во министерството за правда, а откако одбила била уценувана да се откаже од парите што ѝ следуваат" , објавен на 27 април, 2022. Адвокатката за доцнењето на исплатата од Министерство за правда спорот го добила на Управен суд. Парите уште не ѝ се исплатени, но затоа Министерството ја избриша од регистарот на адвокати што даваат бесплатна правна помош за кои трошоците ги покрива Министерството.

Во текстот е цитиран извор со име и презиме, а раководителката од Министерството за правда воопшто не е спомната.

Ова е прв случај за напишан текст МВР, иако не е надлежно, да повикува новинар на разговор. Впрочем, и на службениот разговор денеска, тоа го потврди надлежниот полицаец/инспектор.

Во разговорот, службеното лице објасни дека на пријавителката ѝ било укажано оти она што таа го бара од полицијата е надлежност на граѓанска постапка.

Пријавителката, иако е од Министерството за правда, инсистирала Делевска да биде повикана во полиција, а во станицата Беко прифатиле, оти како што ни беше кажано, морале да постапат по секоја пријава од граѓанин.

Соња Колевска-Делевска е долгогодишна истакната професионална новинарка, која покрива теми од судството и антикорупција. Таа е годинашна добитничка на „Јашар Еребара" за најдобра истражувачка сторија на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ).

Со францускиот предлог на патот кон ЕУ македонскиот народ ќе ја изгуби историската тапија врз сопствената свест и наследство.

повеќе

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе