Нова опасност за опстанокот на охридската пастрмка, во Охридско Езеро се насели сончарката

Неконтролираниот лов на охридската пастрмка сериозно го загрози опстанокот на оваа риба во Охридско Езеро. Но од пред неколку години во водите на ова езеро забележана е и сончарката - нова закана за опстанокот на пастрмката. Рибарите од Турција уште одамна предупредиле дека таму каде што живее сончарката, бројот на другите риби драстично опаѓа. Од 15 август 2019 година оваа риба е забранета во ЕУ (одлука 1143/2014) затоа што се смета за инвазивен вид што ги загрозува другите видови во водите каде што се наоѓа.цЕдноставно, таа се храни со икра.

Неодамна нуркачкиот клуб Амфора објави видео за тоа како еден нов вид риба веќе се одомаќил во Охридско Езеро - сончарката. Оваа риба живее во езерото повеќе од две години.

Трајче Талевски од Хидробиолошкиот завод во Охрид за ова предупредуваше уште пред две години, кога сончарката (Lepomis gibbosus Linnaeus, 1758) првпат беше забележана во Охридско Езеро. Таа година во езерото биле уловени уште два вида риба што не му припаѓаат природно на овој екосистем, толстолобикот и јапонскиот крап, но за среќа не успеале да се приспособат и исчезнале.

Екипа на Хидробиолошки завод, од Одделението за ципринидна фауна, пред две години ја потврди информацијата за присуството на сончарката во Охридско Езеро.

„Внесувањето нови видови во водите на Охридско Езеро е забрането со закон. До пред 4-5 месеци на езерово имаше и концесионер чија задача беше преку својата рибочуварска служба да се грижи и да презема активности и против внесување нови видови. Згора на тоа, постои и инспекторат при МЗШВ. Очигледно некој си игра со рибната популација од Охридско Езеро, при што се намалува вредноста на езерово како уникатен екосистем“, изјави пред две години Трајче Талевски, раководител на Одделението за краповидна фауна во ЈНУ Хидробиолошки завод Охрид.

Денес, нуркачите на „Амфора“ уште еднаш ни докажаа дека сончарката веќе се приспособила во езерото и опстанува хранејќи се со икрата на другите видови риба.

Се чека реакцијата на надлежните.

А.Д.

Секој може да биде менаџер во „добри денови", но најчесто менаџерската работа не е за „добрите денови" туку постојан баланс помеѓу проблемите и можностите за оптимизирано управување на компанијата.

повеќе

Нека се соберат во Дојран, нека се договорат и нека нѐ известат. Сите други пак нека се спремаат за вистински избори во постпандемискиот период.

повеќе

Дали е аксиом дека со членството во НАТО е гарантирана безбедноста на Македонија? Дали почеток на преговори значи и отворен пат за членство во ЕУ?

повеќе