Плати во министерства и во судство во 2023

Нов буџет за нови плати по министерствата поголеми за 5.350 или во просек од 64.200 денари

Просечната бруто плата во Владата  ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 64.200 денари, а за 6.600 денари се намалува просекот во Собранието и во 2023 просекот ќе изнесува 66.900 денари, анализира Порталб.

Во најголем дел од министерствата ќе зголеми просечната бруто-плата по вработен.

Во Министерството за образование каде просечните бруто плати се повисоки во однос на дел од другите ресори, догодина планиран е раст за 13.500 денари при што просекот ќе достигне 58.822 денари. Позначаен раст од речиси 15.000 денари ќе има и во Министерството за финансии со што во 2023 година просечната бруто плата таму ќе достигне до 60.685 денари. Раст од 4.000 денари е пресметан и за Министерството за внатрешни работи каде догодина просечната бруто плата ќе изнесува 62.112 денари. За 7.100 денари има зголемување во Министерството за одбрана со што просекот ќе изнесува 55.068 денари.

Највисоки просечни бруто плати 2023

Министерстви за надворешни работи     122.243 денари

Министерстви за внатрешни работи         62.112 денари

Министерстви за финансии                         60.685 денари

Министерството за одбрана                        55.058 денари

Министерстви за економија                        50.600 денари

Министерстви за локална самоуправа     50.214 денари

 

Кај еден од ресорите со повисоки плати, Министерството за надворешни работи , просекот на бруто платата ќе се зголеми за 5.350 денари и догодина ќе изнесува 122.243 денари.

Раст на прсечната бруто плата има и во Министерството за здравство каде ќе достигне 49.752 денари, повеќе за 2.200 денари во однос на годинава, за 2.500 се зголемуваат и просечната  бруто платата во Министерството за култура со што ќе достигне 49.509 денари и во Министерството за земјоделство каде ќе изнесува 43.358 денари. За околу 4.000 денари ќе се зголеми просекот во Министерството за информатичко општество и ќе достигне 41.910 денари, за околу 600 денари ќе има зголемување во Министерството за труд и социјална политика каде прсекот ќе биде 41.216 денари, за 700 денари има раст на просечната бруто плата во Министерството за животна средина каде догодина ќе достигне 47.319 денари,

Позначително за 4.500 денари се намалува просекот во Министерството за локална самоуправа со што догодина ќе изнесува 50.214 денари, намалување за околу 1.000 денари има во Министерството за транспорт со што просекот  ќе изнесува 44.600 денари, а во Министерството за политички систем намалувањето изнесува 4.900 денари, со што просечната бруто платата ќе изнесува 38.282 денари. Во Министерството за економија просекот останува на речиси исто ниво од 50.600 денари како и во Министерството за правда каде со минимално зголемување ќе изнесува 44.357 денари.

Просечни бруто – плати во судство, агенции...

Зголемување на пресекот има во следниве институции : Агенција за вработување со просечна бруто-плата од 38.474 денари, за 6.500 денари се зголемува и просекот во Државниот завод за статистика и ќе достигне ниво од 50.902 денари, за 3.500 денари ќе се зголеми бруто платата во Агенцијата за млади и спорт и ќе достигне 46.099 денари, раст за 4.400 денари има и во Агенцијата за храна и ветеринарство, каде просечната бруто плата ќе изнесува 49.550 денари. За 7.600 денари се зголемува просечната бруто плата во Дирекцијата за слободни економски зони (ТИРЗ) и догодина ќе изнесува 48.900 денари.  

Во МАНУ бруто платата догодина незначително се намалува и останува на речиси исто ниво од околу 45.500 денари. Во Советот на јавни обвинители просекот на бруто платата ќе изнесува 92.745 денари што е за 500  денари повеќе во однос на годинава, во Јавното обвинителство пресметана е просечна бруто плата по вработен од 66.749 денари, за 3.600 денари повеќе од оваа година. Во судската власт (основни судови, Апелациски суд, Врховен суд...) просечната бруто плата догодина ќе изнесува 52.401 денари, за 130 денари повеќе во однос на 2022 година.

Просечна бруто плата по вработен 2023

Совет на јавни обвинители                              92.745 денари

Јавно обвинителство                                        66.749 денари

Судска власт                                                       52.401 денари

Народен правобранител                                   64.205 денари

 

Позначителен раст на бруто платата по вработен за 8.212 денари е пресметан за вработените во Народниот правобранител која ќе достигне 64 205 денари.

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе