Времето денеска прeтпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 26 до 32 степена. УВ индексот ќе изнесува 6.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Максималната температура ќе достигне 30 степени.