Нестабилно време со дожд, грмежи и ветер

Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер со брзина над 70 километри на час и појава на град, информираат од УХМР.

Минималната температура ќе биде од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степени. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите повремено ќе бидат и во форма на краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Под влијание на влажна и нестабилна маса и утре времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер над 70 километри на час и појава на град. Дневната температура ќе се намали за неколку степени.

И во Скопската Котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено и во форма на краткотрајно невреме.

 

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе