Една поинаква интервенција на МВР

Несекојдневна акција на автопатот Скопје-Тетово, полицајци бркаа коњ што трча во спротивен правец (ВИДЕО)

Во спротивен правец, без престан и со голема брзина коњ што влече запрежна приколка предизвикал опасност на автопатот Скопје-Тетово. Неколку полициски возила со вклучени сирени се обидоа да го сопрат разбеснетото животно, но тоа и натаму трчаше. На видеото објавено на социјалните мрежи се гледа дека брканицата со коњот трае неколку минути. 

При полициската потера од неколку километри, за среќа, не се случи сообраќајна незгода, а животното беше запрено откако со возило полицајците го приклештија до банкината.

Дали и како понатаму успеале да го фатат не е познато бидејќи видеото завршува кога коњот застанува. 

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе