Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак - безбедни се сите армиски инфраструктурни објекти

Нема опасност од ширење на пожарот на Криволак-сите армиски инфраструктурни објекти се безбедни. Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата информира дека попладнево со еден армиски хеликоптер МИ-8/17 и исфрлени 5 тони вода, се интервенираше во локализирање на пожарот кој е присутен во околината на Армискиот полигон „Криволак", поточно на неговиот краен источен дел во близина на месноста „Орлово брдо".

Во моментот пожарот е со мал интензитет со линија на протегање од 700-800 метри и истиот поради слабиот интензитет на ветерот нема зафатено поголема површина на западната страна на „Орлово брдо".

Армиските и инфраструктурни објекти од особено значење се на безбедно растојание од 5-7 километри воздушна линија од локацијата на пожарот и истите согласно армиските процедури дополнително се обезбедени и со инженериско уредени безбедносни противпожарни појаси во потребна широчина согласно проценките.

Армискиот хеликоптер кој дејствуваше во координација со припадниците на Армијата од АП Криволак доколку има потреба ќе интервенира утре во раните утрински часови.

Во текот на денешниот ден во утринските часови со пилотите од воздухопловниот ВИНГ интервенирајќи непрекинато 3 часа соисфрлени 42 тони вода во атарот на населеното место Богданци, со што беше спречено да се префрли пожарот кон населени места и помогна истиот да се стави под контрола.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе