Не престанува да се тресе тлото под Маврово, утрово нов земјотрес од 3,6 степени

Серија земјотреси го тресеше тлото ноќва во мавровскиот регион. Последниот, најсилен беше во 7.44 часот од 3,6 степени според Европската макросеизмичка скала.

Малкумина мештани и туристи ја преспаа ноќва. Серија посилни и помлаки земјотреси регистрираа сеизмолошките опсерватории во регионот. Сите беа со епицентар во Маврово, на длабочина од еден до два километри.

Најпрво послаб земјотрес се почувствува вчера во 21.03 часот. После полноќ тлото се тресеше цела ноќ. Првиот беше регистриран во 1.36 часот со магнитуда од 3,2 степени, по што следуваа уште два земјотреса во 2.29 и 2.49 часот со магнитуди од 2,8 и 2,7 степени според Европската макросеизмичка скала. Потоа имаше серија послаби земјотреси, за да утрово се регистрира најсилниот денеска од 3,6 степени.

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе