Најмногу дожд наврна во Куманово, најмалку во Маврово

Во изминатите 24 часа најмногу дожд, 19 литри на метар квадратен, наврнале во Куманово, а најмалку, еден литар, во Маврово, Лазарополе, Штип и Демир Капија. Како што информира УХМР, утрово е најсвежо во Лазарополе, два степена, а најтопло е во Гевгелија каде се измерени 14 степени.

Минималните температури до 8.30 часот изнесувале:  4 степени на Попова Шапка и Маврово, 5 во Претор и Крушево, 6 во Битола, 7 во Крива Паланка, Охрид и Берово, 9 во Прилеп и Куманово, 10 во Струмица, 11 во Тетово и Виница, 12 во Скопје-Петровец, Штип и Дојран, како и 13 во Скопје-Зајчев Рид и Демир Капија.

До 8 часот утрово се иземрени и 10 литри дожд на метар квадратен во Прилеп и Дојран, четири во Крива Паланка, Гевгелија, Берово и Крушево, три во Претор и Ѓуриште, како и два литра во Тополчани.

Според УХМР, времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

И во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен пороен дожд и со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе достигне 19 степени.

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе