Најмногу дожд на Попова Шапка, најмалку во Пожаране, Претор и Демир Капија

Во изминатите 24 часа најмногу дожд паднал на Попова Шапка, 21 литар на квадратен метар, а најмалку во Пожаране, Претор и Демир Капија, еден литар.

Фото: Пиксабеј

Како што соопшти УХМР, до 8 часот утрово се измерени и 13 литри во Крива Паланка, 11 во Прилеп, 4 во Тополчани и Ѓуриште, како и 2 во Битола, Штип, 1 Пожаране, Претор, Демир Капија.

Времето денеска ќе биде променливо облачно, посвежо, од пладневните часови нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има услови за појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 30 степени. УВ-индексот ќе биде 5.

Во Скопје променливо облачно, од пладневните часови со повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, во делови од котлината со услови за краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Mаксималната температура ќе достигне 29 степени.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе