Најден е 77 годишниот жител на Градешница кој се изгубил на пат кон дома

Вчера во 15.40 часот, од ЦУК Битола е добиена информација дека во с. Градешница е исчезнато лице со иницијали Т.Д. (77 години), кој од трлото со овци се упатил кон домот во селото Градешница, при што му се губи трагата. Во текот на денот семејството и соселаните го пребарувале теренот и по безуспешната потрага пријавено е во полициска станица во Општина Новаци и потоа во ЦУК Битола, известуваат од Дирекцијата за заштита и спасување. Но, подоцна беше соопштено дека Т.Д. од с. Градешница е пронајден и вратен во својот дом.

Како што велат оттаму, веднаш по добивањето на дојавата е мобилизиран тим за брз одговор за спасување на планини кој се упатил кон с. Градешница, каде по пристигнувањето започнал со пребарување на теренот.

Економската криза е лоша во сите сфери на живеењето, но од неа можеме и да научиме по нешто.

повеќе

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе