Изминатата година се регистрирани 240 јавувања

На СОС-телефонот на „Меѓаши“ се јавуваат само возрасни, Змијанац вели децата треба да се охрабруваат

На СОС-телефонот при Првата детска амбасада во светот „Меѓаши" изминатата година се регистрирани 240 јавувања, што е двојно повеќе од годината пред неа и има тренд на зголемување. Во овие случаи, постои можно прекршување на едно или повеќе детски права за 426 деца. Најчесто на телефонот се јавуваат возрасни и нема јавувања од деца, што, според, „Меѓаши" покажува дека треба да се работи на охрабрување на децата да се јавуваат, но и на понуда и на други начини на кои ќе може да го направат тоа.

Минатата година, како што покажуваат анализите на годишните податоци во рамки на функционирањето на СОС телефонската линија, најголем дел од јавувањата или 27 проценти се поврзани со семејни односи, потоа 25 отсто со насилство од различен вид, како и 24 отсто со пристапност до образование, здравствени или други права.

Јорданка Черепналкова Трајкоска, координаторка на СОС телефонот, на денешната прес-конференција на „Меѓаши" истакна дека наголемиот број лица кои се јавиле на телефонската линија живеат во урбана средина, како и дека најголем дел од нив или 80 проценти се Македонци.

За разлика од пред триесеттина години кога е и воспоставена оваа линија, Черепналкова Трајкоска, вели дека сега речиси и воопшто да не се јавуваат деца кои би реагирале за одредени повреди на нивните права, туку тоа го прават некои нивни блиски или засегнати.

-Кога се отвори линијата јас бев волентер и тогаш се јавуваа само деца. Тоа беше првата таква линија и имаше многу јавувања. Со текот на годините се намалува бројот и на јавувања, но и на децата кои се јавуваат, можеби поради тоа што се отворени и други линии, се зголемени можностите или поради тоа што одредени проблеми се средиле или можеби други се отвориле, рече Черепналкова Трајковска, нагласувајќи дека можеби другиот тип на проблеми оставил можност возрасните да им го земат местото на децата и тие да се јавуваат.

Претседателот на Првата детска амбасада во светот „Меѓаши", Драги Змијанац потенцираше дека изминатата година доминирале семејните односи, особено во делот на неможност за видување со двајцата родители во разведени бракови, насилството од различен вид, како и пристапот до правата, како што се образовното, здравственото или пристап до правдата.Состојбата со ковид-пандемијата, рече, разведените родители ја користеле како изговор да не му дозволат видување на детето со другиот родител.

Јане бил свесен дека деновите му се одброени и отворено говорел за тоа. Знаел дека многумина имаат причина да го ликвидираат, дека им пречи во остварувањето на нивните „повисоки цели“.

повеќе

Во македонскиот интернет простор постојано се појавуваат и гаснат портали, со што засекогаш исчезнуваат и објавените содржини.

повеќе

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе