Како што информираат од АМСМ, утрово во 08.25 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, камиони и автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка, додека за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
На патниот правец Кичево-Пресека-Охрид, утрово од 04:30 часот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила, а од 02.40 часот и на патниот правец Гостивар-Кичево преку планинскиот премин Стража.
Инаку, според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи, најмногу снег има наврнато на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесува 85 сантиметри, додека во Маврово и Лазарополе се наврнати 26 сантиметри. во Пожаране се наврнати 17 сантиметри снег, а во Претор четири сантиметри.