На Фестивалот „Пеце Атанасовски“ Гран при за КУД „Дуфла“ од Рашче, а најдобар гајдаџија е Бобан Анакиев од Кочани

Културно-уметничкото друштво „Дуфла“ од Рашче, Скопје, е добитник на Гран при наградата на годинашниов 48 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, а младиот гајдаџија Бобан Анакиев од Кочани ја доби Гајдата на Пеце за најдобар изведувач.

На Фестивалот беа доделени и статуетки за најуспешен настап на фолклорни групи и поединци. Настапите ги следеше оценувачката комисија од еминентни етномузиколози: Родна Величковска, Стојанче Костов и Горан Василески.

Фестивалот се одржа на 1 и 2 јули во Прилеп и на Рудина кај Долнени. Настапија околу 300 изведувачи на изворниот мелос од сите краишта на Македонија, а пристигнаа и гости од Србија.

Во рамки на фестивалот се одржаа 12. Семинар за изучување на народните инструменти и песни на кој учествуваа 10-тина млади вљубеници во фолклорот и четвртиот симпозиум за „Фолклорот во минатото и денес“.

МИА

 

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе